
Тукушто заврши најновото издание од Формула 1 шампионатот, а на него, на трката за Големата награда на Белгија, победник е Кими Антонели од Мерцедес.
На втората позиција на оваа трка со заостанување од 1.952 од победничкото време се пласираше Шарл Леклер од Ферари.
Трет пак на подиумот се искачува Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 11.586 зад победничкото време на Антонели.
Со овој триумф Антонели и натаму останиува лидер во генералниот пласман оваа сезона со 179 поени, пред Џорџ Расел со 154, и Луис Хамилтон со 147.









