„Мега – бомба“ под Шара: Шкендија преговара со Исник Алими!

1268

По Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев, еве за три дена нова “бомба“ од Тетово. Имено како што велат нашите информации, раководството на Шкендија е во преговори со Исник Алими (32), со еден од нашите најдобри фудбалери и стандарден член на нашата најдобра репрезентација.

И Шкендија го посакува искусниот играч за врска, ама и Алими посакува кариерата да ја продолжи во Шкендија.

Проблем е договорот кој Алими го има со кинескиот ДЛ Јингбо и тоа до крајот на оваа година. Се прават напори истиот предвреме да се раскине и Алими да дојде во таборот на тетовските “црвено – црни“ некаде при крајот на летниот преоден рок.

Секако дека ова би било екстра засилување на онака силната Шкендија, која ќе може и тоа како да јуриша на враќање на титулата по само една година.

Да, точно е дека од Шкендија си заминаа неколку клучни играчи, ама стратегот Артим Положани доби екстра засилувања како Фреитас, Димоски, Криезиу, Ѓорѓиевски, Манев, тука го сметаме и Алими, се врати Флорент Рамадани, се очекува и враќање од повредата на репрезентативецот Решат Рамадани.

Нема дилеми дека оваа Шкендија и тоа како ќе биде главен фаворит во битката за титулата претстојната сезона, се разбира заедно со Вардар.

ПретходноГОЛ – ШОУ: Англија е “бронзена“, Мбапе со два гола сега е најдобар стрелец, Дешамп со пораз во последниот меч! (ВИДЕО)
СледноМбапе: Овој меч нема да ја оцрни легендата за Дидие Дешамп!