Моментот кога сите видоа дека Дешамп заминува (ВИДЕО)

1191

Репрезентацијата на Франција синоќа го загуби мечот за третото место на Мундијалот. Дебаклот против Англија и поразот од 4:6, значеше дефинитивен крај на ерата на Дидие Дешамп како селектор на една од најсилните репрезентации во историјата на светскиот фудбал.

Реално искусниот стратег не заслужи ваков крај на селекторското место, напротив. Заслужи многу поубав. Не толку од резултатски план, туку од начинот на кој што неговите избраници вчера се однесуваа на терен.

Французите како да воопшто немаа на мера да го играат овој меч, па на полувреме губеа со шокирачки 4:0. Во вториот дел на поправија ситуацијата, постигнаа голови, но загубија со шест примени гола. Нешто што никој не ни помислуваше дека ќе го види.

Дешамп при паузата за хидратација се обиде да ги покрене своите играчи, но на огромно изненадување на светската јавност, Рајан Шерки, одлучи воопшто да не ги слуша советите на инаку сериозниот француски фудбалски авторитет, и одмавна со раката. Ова беше конечниот знак дека Дидие Дешамп веќе речиси и да нема авторитет во соблекувалната и дека неговата приказна е завршена.

 

 

 

ПретходноПобеда посветена на селекторот Никола Велев
СледноНа една недела до стартот на првенството: Башкими со нов тренер денеска ги започна подготовките!