На една недела до стартот на првенството: Башкими со нов тренер денеска ги започна подготовките!

413

Ет, и тоа го има во нашиот фудбал. На само една недела до стартот на новата сезона во ПМФЛ, Башкими денеска ги започна подготовките, имено од денеска кумановскиот клуб е во “погон“ барем што се однесува до играчите и стручниот штаб.

Кога сме кај стручниот штаб, Башкими ги стартуваше овие летни подготовки со нов тренер, Гајур Реџепи. Тој изврши прозивка, потоа им одржал говор на присутните фудбалери од кои побарал максимална дисциплина и одговорност.

Познато е дека голем дел од играчите кои лани играа за Башкими веќе не се тука, па затоа време е да ангажираат нови имиња. Колку е тоа можно останува да се види.

Исто така јасно е дека нема врема ниту за првата фаза да се одработи, да не говориме за некои пријателски средби, ама важно е да се почне.

Инаку кумановци во 1.коло следниот викенд му гостуваат на Силекс во Кратово.

ПретходноМоментот кога сите видоа дека Дешамп заминува (ВИДЕО)
СледноДимов и Стоилов ќе продолжат во Билис Балш