Легендарниот Чави Ернандез,некогашен играч од средниот ред на Барселона призна дека во моментов е повеќе привлечен од работата на селектор отколку од секојдневната работа во клупскиот фудбал. Чави верува дека водењето на националниот тим би му овозможило подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, што му е исклучително важно во моментов.
Тој отворено зборуваше за своите планови и амбиции за следниот период.
„Мојот следен чекор би можел да биде преземање на национален тим. Тоа ми одговара и го сакам тоа. Имам семејство. Работата во клуб не би ми оставила толку многу време за моето семејство, а имам и мали деца. Би сакал да учествувам како тренер на Светското првенство, Европското првенство, Африканскиот куп на нации или Азискиот куп“, рече Чави.
Неговите зборови јасно покажуваат дека неговиот приоритет во моментов не е да се врати на клупата на клуб, туку да се предизвикува во репрезентативниот фудбал. За време на неговата играчка кариера, Чави освои речиси сè што можеше да се освои, и со Барселона и со шпанската репрезентација. Како тренер, тој исто така стекна вредно искуство, водејќи ја Барселона во период на голема транзиција и освојувајќи домашни трофеи.










