Познато е колку заработи Шпанија со освојувањето на СП, познати се и премиите на играчите на новиот светски првак. Па така новите светски шампиони, Шпанија, се враќаат дома со рекордна заработка од Светското првенство од 51 милион долари. Синоќа победија со 1:0 против Аргентина во финалето на Светското првенство.
Голот на Феран Торес во 106-тата минута ѝ ја обезбеди на Шпанија втората титула на Светското првенство, а Аргентинците не успеаја да ја одбранат титулата освоена на претходното Светско првенство.
Се знае колку ќе заработи секој играч на Шпанија по победата против Аргентина.
Само за пласманот во финалето на Светското првенство, на секој од шпанските играчи им беа загарантирани околу 550 илјади долари, пред даноци. По освојувањето на Светското првенство, таа бројка се зголеми, а играчите добија 45% од наградниот фонд од 51 милион долари.
Ова значи дека секој од 26-те играчи на Шпанија ќе добие околу 940 илјади долари пред даноци.
Аргентина, која заврши на второто место, заработи 34 милиони долари. Ова е заработката на сите селекции кои настапија на СП:
Победници: Шпанија – 51 милион долари
Второ место: Аргентина – 34 милиони долари
3. место: Англија – 30 милиони долари
4. место: Франција – 28 милиони долари
5.-8. место: Швајцарија, Норвешка, Белгија, Мароко – 20 милиони долари
9.-16. место: Колумбија, Египет, САД, Португалија, Мексико, Бразил, Парагвај, Канада – 16 милиони долари
17.-32. место: Гана, Австралија, Алжир, Зелен ’Рт, Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска, ДР Конго, Сенегал, Шведска, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор, Германија, Јапонија, Јужна Африка, Холандија – 12 милиони долари
33.-48. место: Јужна Кореја, Иран, Узбекистан, Ирак, Уругвај, Саудиска Арабија, Шкотска, Курасао, Катар, Панама, Јордан, Чешка, Тунис, Нов Зеланд, Хаити, Турција – 10 милиони долари










