Трагедија во Шпанија: Почина дете за време на прославата!

134

Тринаесетгодишно дете смртно страдаше во градот Сиудад Родриго во покраината Саламанка. Жителите на ова мало гратче на западот од Шпанија ја славеа титулата светски шампион кај фонтаната на кружниот тек Глориета дел Арбол Гордо. Горниот дел од конструкцијата на фонтаната се урна и падна врз неколку луѓе кои беа под неа.
Две лица беа згрижени во болница, а едно 13-годишно момче почина. Градскиот совет прогласи тридневна жалост.
Ова не е прв смртен случај за време на прославите на Светското првенство. Четири лица беа убиени во Мексико откако граѓаните на Мексико Сити ја прославија победата на националниот тим над Еквадор.

ПретходноТрамп шокиран: Ромеро со потег кој го воодушеви светот!(ВИДЕО)
СледноЈа мине ли Рига, Вардар оди на победникот од Атерт Бисен – Ето Гер