Шкупи во среда почнува со подготовките за новата сезона

366

ФК Шкупи денеска објави дека в среда ги почнува подготовките за новата сезона. Во соопштението се вели дека по долг период на работа на стабилизација на клубот и решавање на проблемите, конечно е завршен процесот на сопственост. Клубот веќе има сопственик со 100% од акциите, во името на Беким Бафтјари.

„Знаеме дека долго време чекавте на добри вести, но ова беше процес кој траеше време и требаше да се заврши во документарниот аспект. Раководството на клубот веќе ги започна подготовките за стартот на новата сезона во Втората лига. Сè уште имаме многу работа пред нас. Нема да даваме големи ветувања, затоа што ситуацијата со наследените долгови е сериозен предизвик и треба време да се реши. Сепак, со работа, посветеност и транспарентност, убедени сме дека сè ќе биде ставено на вистинскиот пат“, велат од Шкупи.

Оваа сезона клубот ќе се натпреварува главно со фудбалерите на младите категории.

ПретходноЛина поразена на стартот на Челинџерот во Палермо
СледноАргентина се врати дома без Меси, Скалони не знае дали ќе остане селектор