Охриѓанецот Џеди Осман потпиша за ПАОК

322

Охриѓанецот Џеди Осман е нов кошаркар на солунски ПАОК. Тој денеска само што пристигна во Солун беше топло пречекан од навивачите на ПАОК на аеродромот. 31-годишниот кошаркар ја прифати понудата на ПАОК за тригодишен договор вреден 9 милиони евра.

Во пролетта 2025 година, Осман потпиша продолжување на договорот со Панатинаикос за уште две сезони, но неговиот престој во Атина заврши порано.

Минатата сезона, напаѓачот одигра 39 натпревари во Евролигата, со просек од 12,9 поени, 3,5 скока и 1,2 асистенции за 27 минути на теренот.

ПретходноБожиновски повеќе не е тренер на Македонија ЃП
СледноЛина поразена на стартот на Челинџерот во Палермо