ТФТ, МЗТ Скопје и Маџари ги добија ривалите за новата АБА 2 сезона

145

Трите македонски клуба кои же бидат дел од новата сезона во АБА 2 лигата, денескаги добија своите противници во групната фаза на новиот формат на натпреварувањето.

Екипата на ТФТ која минатата сезона стигна до финалето во борбата за влез во АБА лигата, новата сезона во АБА 2 ќе ја започне во групата Б каде ќе се сретне со екипите на Слобода Тузла, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје А. ќе биде сместен во групата Ц заедно со екипите на Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав, додека третиот претставник на нашата земја, Маџари, се најде во групата А заедно со Морнар Бар, Борац и Војводина.

Во АБА 2 годинава ќе учествуваат 17 клубови. Натпреварувањето ќе се игра во двокружен систем, при што првопласираните екипи ќе се квалификуваат директно во плејофот, додека второпласираните и третопласираните екипи ќе учествуваат во плеј-инот.

ПретходноПаредес одиграл три натпревари со скршено ребро
СледноАБА лигата за првпат со 20 екипи: Со ждрепка одредени двете групи