Халанд донесе одлука за својата иднина

310
Фото: Ерлинг Халанд Х

Ерлинг Халанд им кажал на своите претставници засега да ги стават на чекање сите разговори за можен трансфер. Норвешкиот напаѓач не сака да го напушти Манчестер Сити ова лето и планира да остане на „Етихад“.

Халанд има 26 години, а неговиот договор со англискиот клуб важи до летото 2034 година. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 200 милиони евра.

Сепак, тој наводно ја гледа 2027 година како важен момент за преиспитување на својата иднина.

Реал Мадрид сè уште се споменува како една од можните дестинации за продолжување на неговата кариера, пишува шпански „Ел Национал“. Веќе не е никаква тајна дека Флорентино Перез долго време се обидува оваа мега-ѕвезда да ја донесе во Мадрид, но дали ќе успее да ја реализира останува да покаже времето и секако Халанд, кој го има последниот збор.

ПретходноМакедонија повторно ќе бара вајлд-карта за Лига на шампиони, но ќе има две места во Европската лига
СледноАндреј Маслинко останува во МЗТ Скопје!