Рига со чартер пристигна во Скопје!

369
Фото: ФЦ Рига

Летонскиот првак пристигна во Скопје каде утре од 20 часот ќе се судри со Вардар во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Составот на Рига предводен од своите најдобри фудбалери попладнево со чартер лет пристна во земјава а вечерва од 18 часот ќе имаат и тренинг на Националната арена „Тодор Проески“.

Со оглед на моќниот спонзор и буџетот на клубот за Рига не е проблем да патува со чартер летови и да не се „губи“ по аеродромите низ Европа каков што беше примерот со Вардар и неговото минатонеделна одисеја со Куопио и назад.

Пред тренингот е закажана и прес конференцијата на Рига на која тренерот Адриан Гула ќе ги пренесе очекувањата за дуелот со Вардар.

ПретходноАндреј Маслинко останува во МЗТ Скопје!
СледноМанчестер Јунајтед тргна по потписот на Ману Коне