Актуелниот бранител на шампионската титула во домашниот фудбалски шампионат, екипата на Вардар, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра првиот од двата закажани мечеви од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против екипата на Рига од Летонија.
Пред утрешниот дуел, на официјалната прес конференција на ФК Вардар, на прес конференцијата се појавија тренерот Кристијан Фабијани, капитенот Азер Омерагиќ, и Давид Бабунски.
„Со голема желба и емоција го докчекуваме мечот утре. Со полн ентузијазам по победата во Финска, се надеваме на успех и утре. На домашен терен пред нашите навивачи. Мотивирани сме многу за да докажеме дека можеме многу подобро од она што го одигравме дома. Тоа ќе го направиме и за нашите навивачи, заслужуваат такво нешто“ – изјави тренерот Фабијани па додаде.
„Станува збор за многу добра екипа, тоа го покажува и вреноста. Сакаат да играат вертикално со линии, со пасови. Исто така и ние сме голем клуб. Ќе пробаме да ги импресионираме да предизвикаме да погрешат. Да валоризираме. Има секако многу работи кои треба да ги подобриме. Два меча официјални се во прашање. Анализираме, напредуваме од ден во ден. Можеме многу повеќе да дадеме. Потенцијалот не е изразен во целост. Таква е динамиката на фудбалот, секогаш има нешто што може да се научи“ – вели тренерот Фабијани.
„Од средина на теренот и во нападот имаат многу квалитетни играчи. Со вертикала со техника, како и секој клуб кој што добро финансиски стои. Ние ќе дадеме максимум за да одиграме како што треба и да извлечеме добар резултат“ – рече тренерот Фабијани.










