Експедицијата на Шкендија е веќе во Љубљана, каде попладнево веднаш по слетувањето одржан е и првиот тренинг. Натпреварот со Браво од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, е закажан за в четврток од 20.45 часот, а утре вечер ќе се одработи и официјалниот тренинг на “Стожице“ каде и ќе се одигра овој натпревар.
Од таборот на Шкендија една официјална информација дека во текот на утрешниот ден ќе се знае дали двете најнови засилувања, Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев, ќе имаат право на настап на овој меч. И двајцата се во Љубљана, и двајцата денеска тренинираа со останатите свои нови клупски колеги, но да почекаме до утре дали и официјално ќе имаат право на настап.










