Ќосевски промовиран во Радник Бијелина!(ФОТО)

88
ФОТО:.facebook.com/FKRadnik1945

Ведран Ќосевски, некогашниот голман на Струга ТЛ и Вардар, кој во изминатите сезони важеше за еден од најдобрите чувари на мрежата во ПМФЛ, од денеска и официјално е нов член на Радник Бијелина, клуб кој е член на елитната лига во БиХ.

Ова значи дека Ќосевски се врати “дома“ ако се знае дека иако е роден во Велес, сепак своите фудбалски или голмански почетоци ги прави во БиХ, во сараевски Железничар.

Потоа кариерата го водеше во Вележ па во Струга ТЛ во два мандати. Беше и во Иран во Естегал, за да последен клуб му беше Вардар.

Од раководството на Радник Бијелина нагласуваат дека успеале да донесат квалитетно засилување на голот.

ПретходноБесарт и Нестор: Средба на двајцата “БОМБАРДЕРИ“ во Љубљана! (ФОТО)
СледноМакедонска работа: Ботаничка градина ли е, Арена ли е?!