МЗТ Скопје Аеродром го доби распоредот за мечевите во АБА 2 лигата за следната сезона

80

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром, полека но сигурно се концентрира на она што следува. А тоа секако е полна сезона обврски како во домашниот шампионат, така и на интернационална сцена.
Календарот вели дека тимот од „Јане Сандански“ ќе настапува во АБА 2 лигата оваа сезона, а таа пак, го објави распоредот на мечеви кои што учесниците ги очекуваат.

„Како што се приближува почетокот на подготовките, така полека ги дознаваме обврските што нè очекуваат во историската сезона, во која по долго време ќе настапуваме на три различни фронта.

Првиот распоред што го добивме е оној за АБА2 лигата, каде што повторно ќе се игра по систем со четири групи. Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата.

Ждрепката ни донесе ривали од Словенија, Србија и Црна Гора, а авантурата во регионалното натпреварување ја почнуваме на крајот од септември.

Во периодот што следува ги очекуваме и распоредите за ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига. Во меѓувреме продолжуваме интензивно да работиме на комплетирањето на ростерот, со јасна цел – да изградиме тим што достојно ќе ги претставува МЗТ Скопје и македонската кошарка на сите три фронта“ – велат од таборот на МЗТ Скопје Аеродром.

ПретходноВеличковски се пресели во Албанија : Одличен избор на клуб, со многу амбиции и квалитет
СледноГерсон Родригес со медитација се подготвува за вечерашниот дуел