МЗТ Скопје го доби првиот распоред за новата сезона во АБА2 лигата, каде што повторно ќе се игра по систем со четири групи. Првопласираните екипи директно ќе обезбедат место во плејофот, додека второ- и третопласираните ќе мора да минат низ плејин-фазата.
Ждрепката донесе ривали од Словенија, Србија и Црна Гора, а авантурата во регионалното натпреварување ја почнува на крајот од септември.
„Во периодот што следува ги очекуваме и распоредите за ФИБА Еврокупот и домашната Суперлига. Во меѓувреме продолжуваме интензивно да работиме на комплетирањето на ростерот, со јасна цел – да изградиме тим што достојно ќе ги претставува МЗТ Скопје и македонската кошарка на сите три фронта“, порачаа од МЗТ Скопје.
На стартот игра на домашен терен против Слобода на 30 септември.











