Тирана го потврди Бојан Илиевски

162

Досегашниот десен бек на тимот на Струга ТЛ, Бојан Илиевски и официјално својата кариера ја продолжува во тимот на Тирана од Албанија.

Нашиот повремен репрезентативец заминува со својот прв интернационален трансфер, откако во домашниот шампионат го носеше уште дресот и на Пелистер, Македонија ЃП и Работнички.

Илиевски има и десет настапи за А репрезентацијата на Македонија.

Со ова се зголемува колонијата на наши интернационалци во шампионатот во Албанија.

 

ПретходноИвановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах
СледноВетеранот не може да најде клуб: Никој не го сака Расел Вестбрук