Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако денеска на мечот од првото коло на ИТФ турнирот М25 Олерсбах го победи Александер Чајка од Русија со 2-1 во сетови (67(7) 62 и 64) за 2 часа и 45 минути игра. Ивановски има 14 победи во 15 одиграни мечеви во 2026 година.
Македонскиот тенисер стартуваше одлично во мечот и по еден брејк имаше водство од 3:0 во гемови, но ривалот успеа да направи пресврт и со два брејка поведе со 4:3. Сепак Ивановски веднаш направи нов брејк и изедначи на 4:4. Немаше нов брејк и сетот беше решен во тајбрејк, а и покрај водството Ивановски не реализираше неколку сет топки и Чајка поведе со 1-0 во сетови.
Тоа не влијаеше на играта на Ивановски, кој направи два брејка во вториот сет (трети и седми гем) и сетот го доби со 6:2 во гемови и изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет Чајка поведе со 2:0 во гемови, но Ивановски имаше нов брејк и стигна да изедначување од 2:2. Во деветтиот гем следуваше нов брејк за македонскиот тенисер, кој поведе со 5:4, а потоа на свој сервис беше успешен и сетот го заврши со 6.4 во гемови.
Во следното коло (утре) Ивановски ќе игра против Бор Артнак од Словенија, кој е рангиран како осми носител и денеска постигна победа од 2-0 во сетови против квалификантот Патрик Хомола од Чешка.










