Со повикот на 18 одбојкари, селекторот на одбојкарската репрезенатција на Македонија, Јошко Миленскоски, го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026 година.
Македонија е дел од континенталниот шампионат, на кое што учевствуваме четврти пат едноподруго, а на самиот списпок поголеми изненадувања нема.
Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко Спасов, кој ќе има обврски со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, како и либерото Ване Арапов.
Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 5 август на пладне во хотелот „Монтана“ во Крушево, каде екипата ќе го одработи првиот дел од подготовките за ЕвроВолеј 2026.
Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска.
Македонија е дел од групата Б во Софија, каде покрај домаќинот Бугарија (со кој го отвора првенството на 9 септември) за противници ги има и селекциите на Полска, Украина, Португалија и Израел.











