Фабијани: Одигравме одличен меч, грешките не чинат подобар резултат

208

Македонскиот шампион, тимот на Вардар вечерва на Арената во Скопје, доживеа пораз од летонскиот тим на Рига со конечни 2:3, во првиот од двата дуела во рамките од второто коло од квалифиакциите за Лигата на Конференции.

Вардар по втор пат летово во Европа губи на домашен терен. Од КуПС во квалификациите за ЛШ со 0:2, а еве сега и Рига си замина победнички од Арената.

„Измешани чувста. Радосен сум поради она како одигравме, тажен поради грешките кои што ги направивме. Не би се сложил со било која критика, затоа што Вардар денеска одигра супериорно наспроти противникот. Одлично одигравме, грешките не чинат пораз. Вардар денес одигра подобро и од двата дуела со КуПС. Игравме меч против одличен противник, тие грешки мораме да ги поправиме во реваншот. Проаѓа екипата која што прави помалку грешки. Одбраната одигра солиден меч, голманска грешка е во прашање, еве јас ја презимам одговорноста за тоа. Без тие грешки Вардар одигра одличен меч. Имам само позитивно мислење за Данев и Тодоровски. Денес немаше потреба од менување во средината. Планиравме да играме иста тактика како во Финска. Малку сменивме и поради повредите. Одигравме солидно, само да ги намалиме грешките. Она што е позитивно е што екипата почнува да ги чита промените тактички од 5-3-2 во останатите формации. Имаме три четири позиции на кои што ќе играат млади играчи, на кои што сериозно сметам на нив. Набрзо сите тие млади играчи ќе добијат сериозна минутажа. Не само Данев, Цветковски и останатите“ –  вели тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.

ПретходноАдриан Гула: Важна победа за нас, која што не гарантира ништо затоа што има меч и во Рига
СледноРоденденска прослава со горчлив вкус (ФОТО)