Македонскиот младински репрезентативец, Никола Величковски е нов играч на албанскиот прволигаш Скендербеу. Напаѓачот се сели кај нашиот западен сосед по епизодата во Бреда, а ова за него е втор интернационален обид по оној во Септември Софија. Беше дел и од Вардар, Работнички и Македонија ЃП.
„Среќен сум сто одам во клуб со тредиција, клуб во кои сто многу млади играчи направиле трансфер и голем чекор во кариерата , клуб кој што знае да препознае талент и да верува во младите македонски играчи, репрезентативци. Задоволен сум од тоа како ме прифатија играчите и стручниот стаб имаме време да се подготвиме за сезоната и оваа година очекувам да дадам што е можно повеќе голови за Скендербеу во првата албанска лига и да избориме највисок пласман“ – изјави Величковски за СпортСпорт.










