Милан Ристовски и официјално во Бајангкара

246

Македонскиот фудбалски репрезенаттивец, Милан Ристовски и официјално е нов играч на тимот на Бајангкара од Индонезија.

Долго очекуваниот трансфер на искусниот напаѓач конечно се случи и тој од вчера и официјално е претставен како новитет во овој тим.

За Ристовски ова е прв ваков интернационален трансфер во егзотична земја, а досега веше дел од тимот на чешки Бохемианс.

Секако беше дел од тимот на Ријека, а одработи позајмици во Нитро, Кршко, Спартак Трнава.

Дете е на Работнички, а за македонската репрезентација досега настапи на 40 мечеви.

ПретходноНехар Садики замина за Индонезија
СледноАнгеловски: Пелистер е е спој на младост и искуство, но резултатите не смеат да изостанат!