Дамјан Крстевски го засили Кожув

46

КК Кожув додаде уште едно име во својот состав за новата сезона. Гевгеличани се диговорија со Дамјан Крстевски! Македонскиот бек-шутер, висок 193 см, зад себе има богато прволигашко искуство, настапувајќи за Работнички, Вардар, ТФТ и Пелистер.

“Со својата борбеност, квалитет, сигурен шут и победнички менталитет, Дамјан ќе претставува големо засилување за нашиот тим во претстојната сезона. Му посакуваме многу здравје, успешна сезона и многу победи во црвено-белиот дрес. Добредојде во црвено-белата фамилија”, порачаа од Кожув, кој во новата сезона на клупата ќе го има Миодраг Тодоровиќ.

ПретходноЛука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму дел од Брегалница
СледноКК Работнички има нов извршен директор во името на Бранко Радевски