Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека за нов извршен директор на клубот е поставен Бранко Радевски.
Покрај Радевски, направени се и промени во самата организациска поставеност на клубот, односно во одборот на директори.
А таму, покрај Радевски, сега членуваат и Димитар Трајчевски, Миле Илиевски, Јорго Костов и Александар Стојкоски.
Со ова се создава една сосема нова управувачка структура на клубот, а истата се надеваме дека ќе донесе свеж ветар на промени и подобро фунционирање на еден од нашите најголеми спортски брендови пред се, а потоа и кошаркарски.










