Нашиот Давид Стојаноски вечерва против Шкендија

112

Македонскиот младински репрезентативец Давид Стојаноски, вечерва ќе се најде во составот на својот тим Браво кој што ќе излезе на мегдан против тимот на Шкендија во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции.

Стојаноски кој што инаку е дете на тимот на Браво, како што е добро познато игра на левата бековска позиција и периодов се бори за минутажа во исклучително силниот состав.

Тој беше дел од младинските селекции на Словенија, имаше официјални настапи до У17 генерацијата за „Змајчеките“ пред да се одлучи да го промени спортскиот пасош и националниот дрес, и да заигра за Македонија.

Беше дел од последните собири на У21 репрезентацијата на Македонија која што прави смена на генерации и во која што тој ќе има сериозна улога во периодот кој што следува.

 

ПретходноКК Работнички има нов извршен директор во името на Бранко Радевски
СледноИвановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах