Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло со Словенецот Бор Артнак го предаде мечот поради повреда. Тенисерите минаа околу 70 минути на теренот до моментот кога Ивановски се повлече.
Првиот сет му припадна на Артнак со 6:4 во гемови, откако успеа да направи брејк во третиот гем и да поведе со 2:1 во гемови. Ивановски во деветтиот гем успеа да спаси сет топка. Во вториот сет Артнак веднаш направи брејк и поведе со 1:0 во гемови по што македонскиот тенисер го предаде мечот.
Инаку, и во вчерашниот дуел од Русинот Александер Чајка, Ивановски во првиот сет побара медицински тајмаут по кој успеа да ги добие следните два сета.










