КЛ: Шкендија поведе, но се враќа со пораз од Словенија (ВИДЕО)

133

Пораз на тимот на Шкендија не успеа да обезбеди позитивен резултат на првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на Конференции во дуелот против тимот на Браво во Словенија.

Вечерва на стадионот Стожице во Љубљана, тетовци загубија од тимот на Браво со 2:1 и ќе мора за една недела во Скопје во реваншот да „бркаат“ негатива.

Водство па негатива

Самиот дуел во Љубљана за Шкендија почна одлично. Во единаесеттата минута оправдано досудениот удар од белата точка го реализираше Ендрит Красниќи за водство на Шкендија.

Во тие моменти тетовци ама апсолутно доминираа во овој дуел и се изгледаше дека истиот оди во нивна полза.

Сепак, во 19. минута грешката по левата страна ја доведе топката до петерецот, а таму Копатин побрз од Амзаи, и реализира за израмнување.

Крејзиу имаше ситуација но шутираше над гол, како и Зејнулаи кој лошо реагираше на сосема добрата ситуација пред голот на Браво.

Станковиќ прави комплетен пресврт

Во 56. минута уште една лоша реакција на дефанзивата на Шкендија донесе нов гол за домашните.

Станковиќ тргна од средината на теренот, мина еден одбрамбен играч и наместо да биде нападнат од втор, тој слободно влезе во шеснаесетникот на Шкендија и реализираше за водстство на домашните.

Конечно, Шкендија имаше ситуација за да израмни но Тамба на десетина минути до крајот на мечот го погоди дирекот од голот на домашните.

Сепак, ова е само „прво полувреме“ од овој двомеч и секако дека Шкендија и тоа како има што да каже во дуелот со Браво.

ПретходноКапсаров е ново засилување за Пелистер
СледноБруно реши да остане на „Олд Трафорд“, ќе стане најплатен фудбалер во Јунајтед