Марк Ван Бомел е нов селектор на Белгија

26

По неуспехот на штотуку завршниот Мундијал, репрезентацијата на Белгија го промени селекторот. Руди Гарсија си замина и официјално, а на негово место фудбалската федерација на оваа земја го назначи Марк Ван Бомел.

Холанѓанецот кој што има 49. години во моментов, официјално ќе ја преземе функцијата на 15 август, а има договор до 2028 година.

„Голема чест е да станам селектор на Белгија. Ѝ благодарам на Белгиската фудбалска федерација за укажаната доверба. Белгија има исклучителни играчи и огромен потенцијал. Заедно со стручниот штаб, сакаме да изградиме дисциплиниран, амбициозен и храбар тим, способен рамноправно да се натпреварува со најдобрите“, изјави Ван Бомел.

ПретходноРеал Мадрид со Мурињо тргна со победа против Алкоркон
СледноСенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август