Голманот на Шкендија, Бабукар Гаје, ќе биде надвор од терените некое време поради повреда на мускулот што ја заработи во последните недели.
Гаје се чувствуваше лошо уште од предсезоната, но сепак играше на првиот натпревар од квалификациите за Лигата на конференции на УЕФА против ФК Европа во Гибралтар. По тој натпревар, болката се влоши, принудувајќи го медицинскиот персонал да го изостави од составот за реваншот во Скопјe, како и за дуелот со НК Браво во Љубљана, Словенија.
По деталните медицински прегледи и магнетната резонанца во Скопјe на 20 јули, како и дополнителните специјалистички прегледи во Штутгарт, Германија на 23 јули, се откри структурна повреда на мускулот/тетивата во задниот дел од десната бутина (тендомускулна лезија на припојување на десниот ишиодиум).
Според медицинските упатства, црвено-црниот голман веднаш ќе биде подложен на специјализирана терапија (вклучувајќи локална ACP терапија и физиотерапија).
Се очекува неговата фаза на закрепнување и враќање на тренинг со групата да трае 2 до 3 недели.















