Елмас се повредил на тренинг, не играше на денешниот пријателски меч за Лајпциг

126

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас претрпел повреда на последниот тренинг на екипата на РБ Лајпциг и денеска не се најде во составот на германскиот клуб кој одигра втор подготвителен меч пред новата сезона. „Биковите“ славеа со 1:0 на тест-натпреварот со Инголштад, но Елмас не беше во тимот.

Во клупската информација се вели дека Елмас почувствувал непријатност на последниот тренинг поради што и предвреме го завршил истиот. Тој денеска тренирал под индивидуална програма. Останува да се види дали Елмас ќе добие шанса за следниот тест-меч на германскиот бундеслигаш во чии редови се врати по завршувањето на позајмицата во Наполи.

ПретходноБлагој Димитриев се врати во дресот на Пелистер
СледноРистовски заминува од Сараево, следна дестинација Србија?