Ристовски заминува од Сараево, следна дестинација Србија?

186
FK Sarajevo/FB

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е пред трансфер во српски Нови Пазар, тврдат дел од тамошните медиуми. Според пишувањата, Ристовски заедно со Адем Љајиќ треба да бидат нови засилувања за српскиот суперлигаш кој ја отвори новата сезона со победа против Раднички од Крагуевац.

Минатото лето, 34-годишниот Ристовски пристигна на Кошево, беше стандарден во првиот тим на Сараево, но тамошните медиуми тврдат дека не би било изненадување ако Сараево одлучи да се раздели со него.

ПретходноЕлмас се повредил на тренинг, не играше на денешниот пријателски меч за Лајпциг
СледноПред реваншот со Вардар во КЛ, Рига си купи ново засилување за 300.000 евра