Во очекување на реванш натпреварот во Рига следната недела, противникот на македонскиот шампион Вардар во 2. Коло од квалификациите во Конференциската лига, екипата на Рига за 300.000 евра купи уште едно засилување. Станува збор за Португалецот Алфа Балде кој досега го носеше дресот на Раднички Крагуевац.
Договорот е веќе завршен, клучните детали се финализирани во последните неколку дена, а се очекува договорот да биде формализиран на почетокот на следната недела.
Португалецот пристигна во Крагуевац во јануари 2025 година од Порто и одигра вкупно 48 натпревари во дресот на Раднички 1923.










