Струга Трим Лум со убедлива победа на домашен терен ја отвори новата сезона во ПМФЛ, откако славеше против дебитантот Шкендија Арачиново со 3-0.
Името на победникот стружани го решија за 21 минута. Во 23. минута Радески од пет-шест метри го совлада противничкиот голман. Вториот погодок за домашниот тим дојде во 44-та минута, а стрелец на голот беше Агамах.
Во вториот дел продолжи доминацијата на Струга Трим Лум, овој пат во листата на стрелци се запиша Шабани, во 52-та минута од белата точка зголеми на 3-0. Ова беше и конечниот резултат на овој дуел од првото коло во ПМФЛ.
Шкендија Арачиново имаше неколку шанси, но голманот на домаќинот Јовачевски беше на висина на задачата.
Во следното коло, кое е дури на 8. Август, Струга е гостин на Скопје, додека пак дебитантот го чека уште една тешка задача, на домашен терен го пречекува Силекс.















