Шабани: Шкендија Арачиново е дебитант но заслужува максимална почит

52

Денеска со дуелите Струга ТЛ – Шкендија Арачиново, и Вардар – Брегалница кои штос е играат од 17:00 часот продолжува првото коло од новиот ПМФЛ шампионат.

Истиот вчера ја иамаше премиерата во Кавадарци, каде што Тиквеш го совлада Арсими со 5:1, а денеска имаме исто така два интересни дуели.

Во Струга гостува дебитантот во оваа конкруренција, тимот на Шкендија Арачиново. Екипа која што како што изјавува искусниот Буњамин Шабани заслужува голем респект.

„Како и секој натпревар, така и дуелот против Шкендија од Арачиново е клучен за нас, особено со оглед на тоа што го означува почетокот на првенството. Напорно работевме во подготвителниот период и верувам дека сме подготвени за стартот на сезоната“ – вели капитенот на Трим Лум па додава.

„Иако Шкендија од Арачиново оваа година дебитира во Првата лига, тимот беше многу активен на трансфер-пазарот, ангажирајќи неколку квалитетни играчи. Станува збор за екипа што заслужува почит. Секако, ги анализиравме како противник, па затоа утре мораме да го дадеме максимумот на теренот за да ја започнеме сезоната токму онака како што планираме“ – изјави Шабани.

Тој на овој дуел ќе слави јубилеј, а тоа е 200 мечеви во дресот на Струга Трим Лум.

 

ПретходноЧурлинов си оди од Кочаели, има богата понуда од Видзев Лоџ
СледноДемири: Арачиново е подготвено за ПМФЛ авантурата