Барселона добитна на првата контрола летово

133

Зад затворени врати и со состав во кој што не се најде и новото засилување, Адејеми, тимот на Барселона го одигра првиот пријателски меч летово. Против екипата на Европа. Истиот го доби со 4:1, а тренерот Хански Флик како што е тоа вообичаено за ваквиот тип на мечеви одбра играчи што се дел и од младинскиот состав.

Тимот на Барселона викендов ќе има слободно што се вели, а потоа се заминува на тренинг памп во Англија.

Следниот натпревар на Каталонците ќе биде на 31 јули против Бирмингем и ќе биде отворен за навивачите.

Ибрахим Диара, Хектор Форт, Ебрима Тункара и Алекс Гонзалез беа стрелци на головите за Барса.

 

ПретходноРеконструкцијата на „Ноу Камп“ однесе човечки живот
СледноАрсенал подготвува мега понуда за Алварез