Струга Трим Лум за само 20 минути го реши дебитантот!

122

Струга Трим Лум со убедлива победа на домашен терен ја отвори новата сезона во ПМФЛ, откако славеше против дебитантот Шкендија Арачиново со 3-0.

Името на победникот стружани го решија за 21 минута. Во 23. минута Радески од пет-шест метри го совлада противничкиот голман. Вториот погодок за домашниот тим дојде во 44-та минута, а стрелец на голот беше Агамах.

Во вториот дел продолжи доминацијата на Струга Трим Лум, овој пат во листата на стрелци се запиша Шабани, во 52-та минута од белата точка зголеми на 3-0. Ова беше и конечниот резултат на овој дуел од првото коло во ПМФЛ.

Шкендија Арачиново имаше неколку шанси, но голманот на домаќинот Јовачевски беше на висина на задачата.

Во следното коло, кое е дури на 8. Август, Струга е гостин на Скопје, додека пак дебитантот го чека уште една тешка задача, на домашен терен го пречекува Силекс.

ПретходноВардар со победа го отвори новиот шампионат (ВИДЕО)
СледноЈуниорите повторно не издржаа, нов пораз на ЕП Б Дивизија – овој пат од Босна