Јуниорите повторно не издржаа, нов пораз на ЕП Б Дивизија – овој пат од Босна

41
Фото: ФИБА

Македонската јуниорска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство Б Дивија, откако беше совладана од Босна и Херцеговина со 75-86. Нашите кошаркари загубија здив во последната четвртина, исто како вчера против Грузија.

Македонија се чинеше дека токму денеска ќе дојде до првата радост бидејќи ја имаше контролата на мечот речиси 25. минути. Противникот беше подобар во првата половина во воведните минути, водеше со 2-8 и 6-12, а потоа нашите момци најдоа начин да го превземат водството со серија од 7-0 го запишаа првото водство 20-17 и продолжија да доминираат, имаа и плус 8 (28-20).

На одморот резултатот беше во корист на Македонија (46-41). Контролата на мечот, кошаркарите ја имаа и во третиот период, поголем дел од него (57-48), по што полека го губиеа ритамот. Босна направи серија за 59-59 некаде пред финишот на оваа четвртина, а потоа на исто на начин во следниот период успеа да приреди пресврт. Со 11-2 поведе со 73-80. Македонија не најде начин да се врати.

И на овој меч најдобри стрелеци беа Ѓорѓи Ѓорѓевиќ со 21 поен и Ѓорѓи Цветковски со 20 поени.

Македонија шансата за прва победа ќе ја бара утре против Унгарија.

ПретходноСтруга Трим Лум за само 20 минути го реши дебитантот!
СледноХаланд диригираше на свадбата на Донарума (ВИДЕО)