Пелистер дефинитивно продолжува без Манасков!

1170
Фото: Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.

Екипата денес ќе има заедничка вечера за почеток на сезоната, а во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови. Пелистерци првата недела ќе работат во Битола, а потоа ќе заминат на базични подготовки во Словенија.

Во составот на Пелистер дефинитивно следната сезона нема да биде Дејан Манасков, кој имаше одлични партии во дресот на битолчани, еден од неговите голови од минатата сезона во Лигата на шампиони беше прогласен за најдобар.

Еурофарм Пелистер во сезоната 2026/27:
Дојдоа:
Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе
Заминаа:
Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.

ПретходноПотсетување: Билетите за Европското првенство на кое ќе учествуваат кадетите се достапни!
СледноПирло е „руски човек“, и не може да биде селектор на Италија!?