ЕХФ ја претстави Македонија пред стартот на Европското првенство во Белград

83
Фото: РФМ

За два дена во Белград стартува Европското првенство М18 на кое ќе учествува и македонската кадетска репрезентација. Овој шампионат е еднакво интересен бидејќи ќе видиме голем број ракометни имиња кои во иднина треба да ветуваат.

24 екипи ќе учествуваат на натпреварувањето, што е само втор пат толку многу екипи да бидат дел на завршниот турнир. Шампионатот стартува оваа среда, 29 јули, а медалите ќе бидат освоени на 9 август.

ЕХФ денеска ги претстави групите и очекувањата. Добро е познато дека Македонија е во групата А заедно со Шведска, Словенија и Франција.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – СИТЕ СЕ ИГРААТ ВО 12 ЧАСОТ

29.07.2026: Словенија – Македонија 

30.07.2026: Франција – Македонија

01.08.2026: Македонија – Шведска 

„Македонија повторно се враќа на шампионатот откако заврши 19-та во 2024 година. Сигурно ќе сака да освои подобра позиција“, се вели во анализата на ЕХФ. 

Инаку Шведска ќе ја брани титулата која освои пред две години во Црна Гора која по продолженија ј совлада Данска. Додека Франција е двократен шампион, а Словенија трикратен. Последен пат го освоија 12-то место, односно 9-тото.

Нашите момци предводен од селекторот, Горан Кузманоски утре заминуваат за Белград.

СпортСпорт направи разговор со Кузманоски, истиот можете да го прочитате во ЛИНКОТ. 

ПретходноОдбојкарките стартуваа со мисијата – Таранто!
СледноГолема работа: Тренчовски е нов тренер на Олимпија!