Одбојкарките стартуваа со мисијата – Таранто!

32

Женската сениорска репрезентација на Македонија попладнево во хотелот „Континентал“ во Скопје го имаа новиот собир со кој ги започнуваат подготовките за учеството на Медитеранските игри во Таранто.

Селекторот Милош Гавриловиќ по дебито минатиот циклус, сега знае со што располага иако списокот за овој собир претрпе промени со оглед на тоа дека дел од младите одбојкарки ги нема на располагање поради обврските кои ги имаат со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027.

Репрезентацијата комплетните подготовки ќе ги одработи во СЦ „Форца“ во Скопје, а првиот тренинг го има вечерва.

За женската репрезентација на Македонија ова ќе биде втор настап во низа на Медитеранските игри откако претходно настапија на Игрите во Оран, Алжир во 2022 година.

Македонија на Медитеранските игри ќе биде дел од групата Б каде за противници ќе ги има селекциите на Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

ПретходноВардар ја виде Рига!
СледноЕХФ ја претстави Македонија пред стартот на Европското првенство во Белград