Пелистер потпиша Американец со македонски пасош!

360
Фото: КК Пелистер

КК Пелистер доведе второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг.

Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч.

Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија настапуваше во Азербејџан, Еквадор и Косово.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 1. КОЛО: Тиквеш покажа Сила против Арсими
СледноТренерот на Фуксе Берлин со порака до Цехте: Жртвуваше многу, беше посветен и лојален!