Дома Ракомет Домашно првенство Тренерот на Фуксе Берлин со порака до Цехте: Жртвуваше многу, беше посветен...

Тренерот на Фуксе Берлин со порака до Цехте: Жртвуваше многу, беше посветен и лојален!

119
Словенечкиот бек Нејц Цехте после една полусезона во Фуксе Берлин се врати во Македонија, но овој пат во дресот на Алкалоид. Со Бундес-лигашот не успеа да освои титула во Лигата на шампиони, неговиот сега екс-тим беше поразен од Барселона во финалето.

Дански тренер на клупата на Фуксе Берлин, Николеј Крикау, на свој профил испрати порака до Словенецот.

„Знаеш дека отсекогаш многу го ценев начинот на кој ја прифаќаш својата улога, твојата личност и твојата способност да му дадеш на тимот многу повеќе отколку што земаш од него – нешто што веќе го искусив кога бевме заедно во ГОГ. Затоа, немав никаква дилема дека те сакам во тимот кога Фаби се повреди.

Жртвуваше месеци поминати далеку од Ева и децата, а сепак беше тука секој ден, со истата посветеност и истата неверојатна лојалност, за да ја исполниш својата специфична задача. Три титули и едно финале во Лигата на шампионите заедно во две сезони се потврда дека следниот пат повторно ќе те барам.“

Цехте е едно од трите нови засилувања на Алкалоид за новата сезона, дојдоа Матиц Сухолежник и Вуко Борозан.

ПретходноПелистер потпиша Американец со македонски пасош!
СледноИнфантино за критиките за Светското првенство: Додека ширите омраза, ФИФА ја приредува најдобрата претстава во светот