Голема работа: Тренчовски е нов тренер на Олимпија!

361

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски од утре ќе биде нов шеф на струката во Олимпија Љубљана. Стартегот од Струмица доаѓа на местото од Мишо Бречко кој во текот на денешниот ден беше сменет од тренерската функција по очајниот старт на сезоната.

Словенечкиот гигант уште во текот на летото беше на идеја да го ангажира тренерот кој лани со екипата на Радомље бележеше големи резултати во шампионатот на оваа земја.

Тренчовски и Олимпија во текот на утрешниот ден треба да ја официјализираат соработката и да ги истакнат плановите за во иднина. Да потестиме дека во оваа екипа настапува и нашиот репрезентативец Димитар Митровски кој некако како да беше во постојана сенка и без шанси да експлодира со своите настапи за споменатата екипа.

Со овој ангажман некогашниот најдобар тренер во Македонија оде на клупата на Академија Пандев (го освои Купот), прави голем исчекор во својата тренерска кариера.

ПретходноЕХФ ја претстави Македонија пред стартот на Европското првенство во Белград
СледноМакедонскиот репрезентативец и официјално го засили полскиот тим