Македонскиот репрезентативец и официјално го засили полскиот тим

158

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално се враќа во полската Екстракласа. Откако сабајле беше најавен од страна на полските медиуми, крилниот напаѓач сега беше претставен како нов играч на Погон Шчечин.

Нашиот репрезентивец имаше одличен период додека беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток во сезоната 2024/25. 26-годишникот имаше 43 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 7 гола и 4 асистенции.

Целосен договор е постигнат. Чурлинов потпишува двегодишен договор со можност за продолжување за уште една сезона.

„Новиот играч на Погон е најудобен на левото крило, но може да игра и ефикасно на спротивната страна од теренот и како офанзивен играч од средниот ред. Тој ќе го носи бројот 21“, пиша полскиот тим.

ПретходноГолема работа: Тренчовски е нов тренер на Олимпија!
СледноАндреј Велков е нов играч на Тиквеш