Екипата на ГФК Тиквеш предмалку се пофали дека од сега натаму сезонава е посилна за бразилскиот интернационалец Жоао Габриел Фереира Сантос Ренатињо.
Тој пристигнува како уште едно од неколкуте интернационални имиња кои што во моментов се дел од ростерот на прволигашот од Кавадарци, и даваат сериозен квалитет.
Тиквеш одлично го стартуваше овогодинешниот ПМФЛ шампионат со победата на домашен терен од 5:1, против Арсими и токму странските засилувања се најголем фактор во моментов за добрата игра на тимот од Кавадарци.















