Скандал во најава: Инфантино ќе го продава Светското првенство на приватни инвеститори?!

193
gianni_infantino x

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно планира да продаде акции од Светското првенство на приватни инвеститори. Тоа значи дека ќе биде основана компанија која ќе ги стекне комерцијалните права за главните натпреварувања на ФИФА: Светското првенство за мажи и жени и Светското клупско првенство.

Ова е според „Тајмс“ носи нов договор од повеќе милијарди долари за ФИФА? Извештајот сугерира дека таков договор би можел да го зголеми притисокот за зголемување на бројот на екипи учеснички на Светското првенство или за почесто одржување на турнирот.

Се очекува приватните инвеститори првично да стекнат 20 до 30 проценти од акциите за неколку милијарди американски долари. ФИФА ќе остане мнозински акционер. Сите 211 асоцијации-членки на ФИФА, исто така, ќе добијат помали удели, кои би можеле или да ги задржат или да ги продадат.

УЕФА реагираше со остри критики на овие наводи.

„Ова ја преминува границата што институциите одговорни за фудбалот никогаш не треба да ја преминат“, изјави управното тело на европскиот фудбал. УЕФА го сфаќа ова прашање многу сериозно.

„Душата и управувањето со фудбалот не се стока – особено не со целосна непроѕирност во врска со тоа кој профитира финансиски. Никој од нас не го поседува фудбалот. Тој не е на продажба на ФИФА “, реагираат од УЕФА.

ПретходноЈошко Гвардиол во Сити до 2031 година
СледноСелекторот оптимист: На Медитеранските Игри одиме на најмалку две победи