Јошко Гвардиол во Сити до 2031 година

40

Тимот на Манчестер Сити уште долго време ќе биде предводен од еден од најдобрите дефанзивци на планетава, хрватот Јошко Гвардиол.

Тој денеска и официјално потпиша нов договор со клубот кој што е важечки до 2031 година.

„ Штом дознав дека Сити сака да ми го продолжи договорот, веднаш почувствував дека токму тоа го сакам. Навивачите на Сити се однесуваа неверојатно кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот за играње. Во трите години што сум тука, чувствував толку многу љубов и почит и не го земам тоа здраво за готово. Ова е тим од светска класа, млад и полн со потенцијал. Навистина верувам дека ќе постигнеме многу во годините што доаѓаат  – изјави Гвардиол на клупскиот сајт на Сити.

 

 

ПретходноПотврдено: Манчини се враќа на кормилото на Италија
СледноСкандал во најава: Инфантино ќе го продава Светското првенство на приватни инвеститори?!