Сите денешни пишувања во Англија откриваат дека првата понуда на Ливерпул за напаѓачот на ПСЖ, Бредли Баркола, е на пат, и дека таа ќе го сруши клупскиот рекорд.
Баркола е неоспорна главна цел на Ливерпул да ја замени клупската легенда Мохамед Салах, а новиот менаџер на „црвените“ Андони Ираола ја гледа француската ѕвезда како вистински играч од светска класа.
ПСЖ го цени напаѓачот на неверојатни 170 милиони евра (145 милиони фунти) по импресивната кампања на Светското првенство и двете одлични сезони со тимот од Лига 1 во кои му помогна на клубот да освои две титули во Лигата на шампионите по ред. Извештај велат дека првата понуда на Ливерпул ќе биде од 110 милиони евра, плус 40 милиони во форма на бонуси. Останува да се почека одговорот на ПСЖ.










