Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели во Светското првенство на приватни инвеститори.
„Блискиот однос меѓу претседателот на ФИФА и претседателот на САД отидоа во непосакувана насока. Тие почнаа да го гледаат фудбалот од финансиска страна, што предизвикува сериозна штета на фудбалот. Никој нема право да ја продава нашата игра“, напиша поранешниот претседател на ФИФА на социјалните мрежи.










